четврток, 26 ноември 2026
Најново

Ламбе повторно си замина од Македонија? “Збогум удбашка земјо”

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пејачот Ламбе Алабаковски објави статус во кој порача „Удбашка земјо мила, збогум“, а откако социјалните мрежи беа преполни со објави од концертот на Теа Таировиќ која ја преполни салата каде настапуваше. Објавата осамна на социјалната мрежа „Фејсбук“, а сега веќе, не е јавно достапна.

„…Само за Теа Таировиќ има леб тука и сличните на неа. Збогум и поздраво до следно видување. Можи ќе се опоравиш и ќе те направиме македонска целосно“, напиша Алабаковски, најавуваќи дека оди на печалба.

Како што веќе кажавме, објавата веќе не е достапна. Последна објава која стои на профилот на Алабаковски е најавата за негов настап за време на прославата за Нова година.

Поврзани вести