ЛАМПИОНОТ СО „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ ОД ЛОНДОН СЕГА ВИCИ НА ЕЛКАТА НА ЗАЕВИ

Не знаеме дали е ова за фалење или…
Меѓу новогодишните украси на елката на Заеви, виси и лампион на кој пишува „Северна Македонија“. Но, тоа не е било кој лампион и не е закачен од чиста мира, само затоа што пишува „Северна“, како што можеби звучи од ова погоре.
Напротив, истиот овој лампион првпат го видовме при посетата на Заев на Самитот на НАТО во Лондон. Придружуван од својата сопруга, а заедно со сите останати лидери на земјите членки, ден пред Самитот Заев беше на гости кај британскиот премиер Борис Џонсон, во резиденцијата на „Downing 10“. Таму, на елката, беа закачени лампиони со имињата на сите земји членки на Алијансата, вклучително и овој со „Северна Македонија“. Заеви не пропуштија да се пофалат со фотка, која ја споделија на друштвените мрежи.
Тоа, впрочем, беше самитот на кој земјава за првпат рамноправно седна на масата заедно со другите членки. По Самитот, пак, на приемот кај британската кралица Елизабета Втора, Заев се фотографираше рамо до рамо со сите други лидери на земјите од Алијансата.
Оттаму, очигледно е дека лампионот е закачен на елката на Заев, и тоа на централно место, за да го потсетува на успехот земјава (речиси) да ја внесе во НАТО. А како стигнал таму – дали Заев му побарал на британскиот премиер да си го понесе лампионот како сувенир, или Џонсон веќе имал подготвени реплики за сите лидери, или пак била направена реплика специјално по желба на Заев – е прашање за во некое друго интервју.
Извор: 365

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.