Лате со карамела и лешник

Пијалак што ќе ве стопли во ладните есенски денови
Лате со карамела и лешник
Потребни состојки:
250 милилитри кафе
1 лажица сируп од лешник
½ лажица чоколаден сируп
½ лажица карамела, плус малку за декорирање
180 милилитри пола-пола (микс од 90 милилитри млеко и 90 милилитри слатка павлака)
Начин на подготовка:


1. Турете го миксот од млеко и павлака во тегла, затворете ја и протресете десетина секунди додека млекото не почне да прави пена на врвот.
2. Ставете ја теглата без капак во микробранова печка околу 45 секунди додека миксот не се стопли и не стане пенест.
3. Ставете карамела низ внатрешноста на шолјата и турете го топлото кафе. Потоа додајте ги сирупот од лешник и чоколадниот сируп и промешајте. На крајот додајте го миксот и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.