Подгответе го овој вкусен пијалак за многу кратко време
Лате со цимет и мед
Потребни состојки:
5 лажици мед
2 лажички цимет
700 милилитри незасладено бадемово млеко
700 милилитри кафе
2 лажички ванила
120 грама шлаг
Начин на подготовка:
1. Во тенџере со средна големина ставете ги медот и 1 лажичка цимет, загрејте ги на средна температура околу 3 минути и постојано мешајте, а потоа тргнете го тенџерето настрана.
2. Додајте ги бадемовото млеко, кафето и ванилата и добро промешајте. Ставете ја течноста да се загрее околу 5 минути или додека не се загрее доволно и мешајте почесто.
3. Турете го кафето во 4 шолји и на врвот додајте шлаг и цимет.