Лаутаро: Овој Интер покажа дека има м*диња!!

Фудбалерите на Интер одиграа нерешени 2-2 на „Џузепе Меаца“ против Баерн Минхен и го одбранија стекнатото водство од Германија за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. „Нераѕурите“ не паднаа во моментите кога баварците направија пресврт и со втор гол ја задржаа подобрата позиција.
По натпреварот своја анализа даде капитенот Лаутаро Мартинез, кој имаше само пофални зборови за своите соиграчи.
„Ова беше епски натпревар кој долго ќе го паметиме. Страдавме на моменти, ама покажавме карактер. Покажавме дека овој Интер има големи м*диња. Толку напорна работа и вложен труд за да се пласираме понатаму, не се откажавме во ниту еден момент, имавме срце и глава.
Секоја година почнуваме со верба дека можеме да освоиме сè, во спротивно не би играле фудбал. Барселона е неверојатен тим со голема историја. Ние сега мора да се фокусираме на следниот натпревар, а потоа ќе размислуваме за Барселона“, изјави Лаутаро.
Интер на 30 април ѝ гостува на Барселона во Каталонија, а потоа на 6 мај ќе ја дочека во реванш полуфиналето.
The post Лаутаро: Овој Интер покажа дека има м*диња!! appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: