Европската фудбалска унија (УЕФА), по четврти пат оваа сезона го обвини Лацио за расистичкото однесување на неговите навивачи.Последниот инцидент навивачите на Лацио го направиле за време на мечот со Борусија Менхенгладбах во Лига Европа, кога нивниот тим победи со 2:0 и се пласира во осминафиналето.Дисциплинската комисија на УЕФА, на состанокот во среда ќе одлучи дали ќе го суспендира теренот на Лацио. Италијанскиот тим, следниот меч во Лига Европа на домашен терен, ќе го одигра на 14-ти март против Штутгарт.УЕФА, само оваа сезона, за претходните три инциденти кои ги предизвикале неговите навивачи парично го казни Лацио со вкупно 180 илјади евра.
МакфаксЕвропската фудбалска унија (УЕФА), по четврти пат оваа сезона го обвини Лацио за расистичкото однесување на него