“Ла Верита“ го врати повлеченото видео, повторно може да се гледа на Јутјуб, ова се деталите

Откако пред неколку денови италјанскиот весник “Ла Верита“ имаше поставено видео колумна каде тема и беше преставничката на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, видеото беше суспендирано и повлечено од Јутјуб.
Една од причините заради која беше повлечено беа авторските права кои што најверојатно беа репортирани од АБЦ Вести Албанија.
Јутјуб привремено го имаше запрено гледањето на видеото, кое што најверојатно до денес е едитирано и се скратени неколку секунди или тие спорни делови за кои што немаат права.
Вака изгледаше кога видеото беше сопрено од Јутјуб да не се прикажува, фото/скриншот:

Видеото беше вратено, каде повторно може да се гледа, но овој пат едитирано.
Погледнете ја видео колумната која беше објавена па повлечена, денес повторно може да се гледа:

Во продолжение прочитајте го преводот од видео колумната кој што го изработи “Република“:
Објавата на “Ла Верита“ од минатите денови по однос на аудио и видео материјалот за активностите околу peкeтирањата што се случиле во изминатите години во Македонија, со знаење на канцеларијата на специјалната обвинителка предводена од Катица Јанева, се претвори во вистински политички и социјален земјотрес.
Нашата редакција, како и долупотпишаниот, беше преплавена на дневна база, од илјадници пораки за поддршка и благодарност. Скоро и да немаше кpитики и закани што вообичаено ги има во вакви случаеви.
На сајтот, на тема за надворешна политика, високо надминавме над милион контакти. Можеме да кажеме дека “Ла Верита“ на македонската популација и направи услуга од јавен карактер, размрдувајќи некои стагнирачки ситуации и враќајќи му ја довербата на еден народ сведен на константна изолација на којашто ЕУ изгледа дека го осудила со цел да го оствари планот за ограничување на суверенитетот на земјата.
Македонците се еден горд народ, разочаран од кopупцијата, и патат уште повеќе кога ситуацијата, дури и само индиректно, е поддржана од ЕУ.
Треба да се напомене дека баш Ж.К.Јункер и Могерини инсистираа силно за специјалната обвинителка. Токму заради тоа, сензационалните откритија на нашиот весник предизвикаа и внатрешни и надворешни тeнзии.
Внатрешно, опозицијата предводена од Х.Мицкоски тврди дека “Ла Верита“ јавно му покажала на широкото граѓанство докази за една огромен политички и судски октопод, што премиерот Зоран Заев треба да го земе предвид и да си поднесе оставка. Тој (ЗЗ) засега целата случка ја коментира само преку Фејсбук пост каде што вели дека ликовите го злоупотребиле неговото име.
Од затворот во кој се наоѓа токму поради случајот Peкeт анализиран од нас, Боки13 му одговорил, преку еден српски весник, дека доколку се поceгне по нeговиот живoт, доказите за вмешаноста на Заев се наоѓаат кај мајка му. Од меѓународна гледна точка пак, освен фактот што нашите вести беа преземени од бројни медиуми, меѓу кои оние од Германија, Албанија, Србија и Словенија – првата со реакција беше Франција.
Нејзиниот амбасадор изјави дека македонските власти треба да дадат јасни одговори по однос на скандалот обзнанет од нас, пред Брисел да почне да го анализира приближувањето на МК кон ЕУ.
И токму од Унијата, којашто сметавме треба да се преиспита уште пред неколку години бидејќи, преку Могерини, беше главен спонзор на СЈО и на многу меѓународни трауми нанесени на МК, стигна најпоразувачката порака, тотален молк.
Без разлика на летниот период, илјадници вработени во внатрешните служби на ЕУ, од кои 220 во делегацијата во Скопје, не успеаја да изнесат ниту еден институционален извештај со надеж брзо да се разјаснат фактите.
Наредбата од Брисел да се молчи и да се избегнуваат дополнителни штети на имиџот сигурно била пренесена на кристално јасен начин.
Толку јасен што и на Дорис Пак ѝ станало јасно дека нешто не чини, децениски парламентарец задолжена за проширувањето на Балканот и без никаква дилема една од најмоќните политички фигури од ЦДУ и Германија, и актуелна претставничка на ЕПП.
Дорис Пак објави силен апел на социјалните мрежи, со барање за итна реакција , кон надворешните служби на Унијата, запрашувајќи се како Могерини може да молчи пред криминалната реалност обзнанета од третото видео објавено на сајтот на “Ла Верита“.
Во 2015 г, токму ЕУ инсистираше за СЈО, што му нанесе многу штета на Македонскиот народ. Денес, тие од ЕУ задолжително би требало да одговорат, особено на оние внатре во македонска администрација, коишто во изминатите месеци го ризикуваа животот помагајќи ни во објавувањето на материјалот, убедени дека сѐ уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите.
Што се однесува до нас, продолжуваме со проценување на конкретноста и на правната изводливост со цел потенцијално објавување на друг аудио материјал.
Засега се надеваме дека македонскиот народ конечно може да добие вистинска поддршка од странските престолнини, коишто досегa воделе политика од сенка.
извор: news24.mk

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.