По седум години неработење, „Македонско село“ од летово повторно ќе заживее, откако фирмата „Ла тераца“ ја доби концесијата за работа со комплексот во Горно Нерези за 3.500 евра месечно.
Компанијата е избрана на тендер, каде се наддавале два правни субјекти. Концесионерот поднесе и банкарска гаранција од 5 отсто од вкупната сума за закуп за 15 години. Директорот на СОЗР, Томовски вели дека согласно договорот, сè што ќе се инвестира ќе остане во сопственост на државата.
Комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на падините на Водно, е изграден во 2011 година, а почна да работи на 22 јуни 2016. Комплексот има 12 двокатни куќи, секоја од нив претставува различен регион од Македонија. На долниот кат од куќите, според проектот, треба да се претстават различните занаети карактеристични за регионите, а горните катови да функционираат како хотел.
The post Ла тераца ја доби концесијата за работа со Македонско село и ќе плаќа 3500 евра месечно appeared first on 365.mk.