ЛГБТ заедницата нема да помине добро; Трамп откри: Ќе ставам крај на лудилото

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека на првиот ден од неговиот мандат, 20 јануари, ќе го запре „трансродовото лудило“, наведувајќи дека под неговата администрација ќе има два пола – машки и женски.„Ќе ставиме крај на трансродовото лудило, ќе потпишам наредби да се запре сексуалното осакатување на децата. Под моја администрација, во САД ќе има само два пола, машки и женски. Ќе ги отстраниме трансродовите концепти од војската, основните училишта, средни училишта“, рече Трамп на конференција во Аризона.Тој додаде дека Америка ќе ги исфрли мажите од женските категории и обратно. „Дали да го направам тоа на првиот, вториот или третиот ден? Што мислите дека треба да биде првиот ден“, ја праша Трамп толпата, која го поздрави со овации.

Пронајдете не на следниве мрежи: