Леброн побрз од сирената, Лејкерси се вратија од -25

 Кошаркарите на Мајами Хит ја продолжија победничката серија во НБА лигата, откако во драматична завршница го совладаа Орландо со 97:96.Дуелот на екипите од Флорида го реши Леброн Џејмс, кој победничките поени за неговиот тим ги постигна на три секунди до крајот на натпреварот. Црногорецот Никола Вучевиќ го предводеше Орландо со извонреден ’дабл-дабл’ ефект од 25 поени и 21 скок. Мајами против Орландо ја забележа 16-та победа по ред, што е најдолга победничка низа на една екипа, оваа сезона во НБА лигата.ЛА Лејкерс во Њу Орлеанс се вратија по негативата од 25 поени и забележаа победа од 108:102. ’Езерџиите’ предводени од Коби Брајант последната четвртина ја добија со резултат 33:9. Коби натпреварот го заврши со 42 поени, 12 асистенции и шест скока. Натпреварот со двоен ефект од 20 поени и 15 скокови го заврши Двајт Хауард. Ерик Гордон со 18 поени ја предводеше групата од седуммина кошаркари на Њу Орлеанс кои постигнаа двоцифрен број на поени.Бостон, исто така во неизвесен меч, во Индијанаполис ја совлада Индијана со 83:81. За Бостон ова беше 13-та победа на последните 17 натпревари. Кевин Гарнет со 18 поени и 10 скокови ги предводеше Селтикси до победата.Клиперси сигурно ја држат третата позиција во западната конференција, последната победа ја забележаа над Милвоки 117:101. Крилниот центар на Клиперси, Блејк Грифин оствари ’трипл дабл’ учинок од 23 поени и по 11 скокови и асистенции. Резултати:Шарлот-Бруклин 78:99Индијана-Бостон 81:83Кливленд-Јута 104:101Атланта-Филаделфија 107:96Детроит-Њујорк 77:87Мајами-Орландо 97:96Њу Орлеанс-ЛА Лејкерс 102:108Мемфис-Портланд 91:85Минесота-Вашингтон 87:82Далас-Хјустон 112:108Феникс-Торонто 71:98Сан Антонио-Чикаго 101:83Голден Стејт-Сакраменто 87:83ЛА Клиперс-Милвоки 117:101.
Макфакс Кошаркарите на Мајами Хит ја продолжија победничката серија во НБА лигата, откако во драматична завршница

Пронајдете не на следниве мрежи: