Левица ги објави со име и презиме: Тошковски ги штити актуелните началници и партиски кадри за трагедијата во Кочани!

НИТУ ЕДЕН АКТУЕЛЕН НАЧАЛНИК ОСОМНИЧЕН ЗА КОЧАНИ – ТОШКОВСКИ ГИ ШТИТИ СВОИТЕ ПАРТИСКИ КАДРИ – реагираат во објава на Фејсбук од политичката партија Левица.

Во продолжение нивната објава:

– Додека јавноста сведочи за апсења поврзани со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за жал станува сѐ појасно дека истрагата не се води кон правда, туку кон алиби.

Осомничени се поранешни функционери и службеници, но сѐ уште не се осомничени и не се повикани на одговорност сегашните, актуелни раководители во институциите што имаа директна и законска надлежност да преземат дејствија, токму во моментот кога објектот нелегално работел и кога се случила трагедијата.

Под закрилата на ДПМНЕ и Тошковски, од одговорност се исклучени:

Марија Цветковска Маневска, началник на ОВР Кочани;

Томо Донев – началник на Одделот за криминалистички работи во Кочани (сликан во штабови на ДПМНЕ);

Кристина Јованова, главната инспекторка за економски криминал во ОВР Кочани, која и покрај фактот дека објектот само неколку месеци пред тоа бил казнет од страна УЈП поради неиздавање фискални сметки, и покрај нерегуларностите во работењето и начинот на обезбедување на потребната документација – не презела мерки на истрага против овој објект;

Драган Петрушев – сменоводител во критичната ноќ, кој и покрај јавно познатите информации дека таа вечер во објектот се организира јавен настан, концерт, не презел мерки за контрола на објектот и обезбедување на јавниот ред и мир во истиот, поради што во диското се нашле и малолетници, а исклучително е одговорен за неодговорното постапување на дел од полициските службеници кои се нашле на местото на настанот и одбиле да преземат дејствија за укажување на неодложна помош и заштита на настраданите лица, иако тоа биле службени дејствија кои морале да ги преземат! Дополнително, сведоштвата констатираат и дека за рацијата во ‘дискошталата’, газдата бил предвремено известен.

Сите овие службеници биле на своите функции и под целосна законска обврска да постапат, но не постапиле.

Сведоштвата се вознемирувачки и укажуваат на крајна непрофесионалност на полицијата во кобната ноќ! Дел од полициските службеници кои се затекнале на местото на трагедијата, одбиле да пружат помош. Ова не е само неморално, неетички, туку и флагрантно прекршување на Законот за полиција, кој јасно предвидува обврска за укажување помош, сури и вон работно време!

Министерството за внатрешни работи, предводено од министерот Панче Тошковски, имало клучна улога – не само во процесот на давање согласност за работа на објектот, туку и во неговиот надзор. Тој е министер во моментот кога е обновена дозволата за работа, и неговата одговорност не може да се префрла наназад.

Оваа селективна истрага дополнително го нарушува принципот на владеење на правото. Правдата мора да биде еднаква за сите – без разлика на политичка припадност, моментална функција или институционален ранг. Секое одбегнување на целосна и објективна одговорност е уште еден удар врз довербата на граѓаните и непочитување на споменот на изгубените животи.

Апсењата без одговорност за актуелните службеници се само театар за замаглување на вистината. Тошковски не е само административна карика, туку и политички штит за институционалната немарност.
Затоа, пратеничката група на Левица поднесе Интерпелација против министерот кој, наводно, чувствува морална одговорност, но не се повлекува од функцијата.

ЛИНК од објавата на Фејсбук

Пронајдете не на следниве мрежи: