Левица го обвини Мицковски за КОРУПЦИЈА: ДПМНЕ ја одби иницијативата за обележување на службените возила

Од локалниот огранок на Левица во Охрид соопштија дека била одбиена нивната иницијатива за обележување на службените возила на општината со посебни лепенки со цел тие да не се користат за лични потреби на функционерите.

ДИРЕКТНО ОБВИНУВАЊЕ ЗА КОРУПЦИЈА НО ОВА НЕ ЈА ДОВЕДЕ ВО ПРАШАЊЕ КОАЛИЦИЈАТА ПОМЕЃУ ТИЕ ДВЕ ПАРТИИ:

сознанијата на Левица, се дека во единиците на локалната самоуправа не ретко службените возила се користат и за лични потреби, што претставува злоупотреба на општинските ресурси и ваквите „привилегии“ се класичен пример на корупција
Левица обвини: ДПМНЕ ја одби иницијативата за обележување на службените возила со посебни лепенки

– ДПМНЕ ЈА ОДБИ ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЛЕВИЦА ЗА ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА

Впечатокот, а и сознанијата на Левица, се дека во единиците на локалната самоуправа не ретко службените возила се користат и за лични потреби, што претставува злоупотреба на општинските ресурси и ваквите „привилегии“ се класичен пример на корупција.

Со цел избегнување на ваквите неправилности, Левица неодмна предложи службените возила да бидат обележувани со лепенки.

За жал, ваквата иницијатива НЕ БЕШЕ ПРИФАТЕНА од страна на локалната власт на Општина Охрид.

По се изгледа дека носителите на јавни функции се менуваат, но лошите навики остануваат.

Но, Левица како партија останува категорично посветена на борбата за институции кои ќе бидат некорумпирани, праведни, одговорни, компетентни и блиски до народот.

ДржаватаЗаНародот

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.