Левица: Дивоградбата во центарот на Струга расте под закрила на обвинителството

Иако во центарот на Струга една година непречено се гради дивоградба (која узурпира државно земјиште), деновиве се потврди дека сите инстанци на обвинителството се продолжена рака на криминалот и урбанистичото дивеење. По поднесена преставка до Вишото јавно обвинителство во Битола поради непостапување по кривична пријава за бесправно градење, вишиот јавен обвинител Пецо Везироски констатира дека “струшкиот обвинител стручно и ажурно постапил”, и покрај тоа што јавниот обвинител во Струга една година дозволува во Струга да никне дивоградба во заштитена зона, реагираат од партијата Левица

Потсетуваме дека пратеничката Јована Мојсоска, уште во декември минатата година, поднесе кривична пријава до ОЈО Струга заради бесправно градење. Иако рокот за одговор од страна на јавниот обвинител е три месеци, повеќе од една година јавниот обвинител од Струга нема доставено одговор до подносителот на кривичната пријава. Во моментот на поднесување на кривичната пријава, објектот беше во фаза на подрум. Денес, објектот е целосно изграден (подрум, приземје, два ката и поткровје), благодарение на непостапувањето на ОЈО Струга. 

Оваа одлука на вишиот јавен обвинител Пецо Везироски е скандалозна и со ваквиот „штитенички” однос, Везироски само го охрабрува незаконитото постапување на ОЈО Струга. Поради ваквото непрофесионално однесување на обвинителите кои се продолжена рака на безаконието, Левица ќе поднесе претставка до Советот на јавни обвинители за работата на јавниот обвинител од ОЈО Струга и Вишиот јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Битола. 

Корупцијата во обвинителската фела очигледно се пресликува и на повисоките нивоа, затоа што токму оние кои треба да го санкционираат ваквото непостапување на струшкиот јавен обвинител (во случајов Вишо јавно обвинителство Битола) – истото констатира дека нема никаков пропуст што во центар на градот се гради бесправно, за што е изречено и решение од овластен градежен инспектор.

Пронајдете не на следниве мрежи: