Левица: Дрска и скандалозна изјава на Јаневска, има намера да го укине бесплатниот превоз за студентите

Министерката Јаневска продолжува со нејзините крајно дрски и скандалозни изјави. Таа денеска ја дополни оваа низа најавувајќи дека во Буџетот на државата нема пари за бесплатен градски превоз за студентите и средношколците бидејќи не постоело основ за дотација кон град Скопје! – реагираат од подмладокот на Левица.

– Во Ребалансот изгласан од коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ не се предвидени средства за бесплатен градски превоз за младите, ниту пак планираат да го покријат долгот од 8 милиони евра кон градот Скопје, односно кон и така финансиски руинираното ЈСП. Ваквата ситуација сериозно ја доведува во опасност мерката бесплатен превоз за студентите и средношколците која е од витално значење за младите!

Загрижувачка е неинформираноста на Јаневска за постоењето на оваа мерка која датира од 2016 година. Дополнително, министерката крајно дрско и неуко изјави дека ова било ветување кое таа и актуелната владина гарнитура не е должна да го реализира бидејќи не ветувала бесплатен превоз!

Владата која во предизборието ветуваше подигнување на стандардот и сериозен фокус на младите, не само што нема план да го подобри стандардот, туку очигледно започнува и со укинување на досегашните мерки, т.е. штедење и водење каприц на грбот на младите!

Бараме Владата итно да го подмири долгот кон град Скопје за да не дојде до укинување на оваа клучна услуга за младите. Не можеме да дозволиме неинформираноста и политичките игри дополнително да ги загрозат правата и благосостојбата на студентите и средношколците!

#ЦрвенаМладина не само што ќе се бори за заштита на веќе постоечките мерки коишто се во интерес на младите, туку и ќе работи на нивно проширување, вклучувајќи воведување на целосно бесплатен меѓуградски превоз за учениците и студентите. – велат од Црвена Младина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.