ЛЕВИЦА: ИВИЦА КОНЕВСКИ ОД МЕРИОТ КОАЛИЦИЈАТА ГЛАВЕН АДВОКАТ ВО КИСЕЛА ВОДА

Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, кој важеше за близок соработник и адвокат на Сашо Мијалков, во последниве три месеци добил 200.000 денари од општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Левица за најновите состојби меѓу Коневски и Орце Ѓорѓиевски:

Трошењето пари на граѓаните за функционери кои од својата партија беа обвинувани за криминал е потценување на здравиот разум на сите жители на Кисела вода.

И нагласуваат:

Трошењето пари на граѓаните за функционери кои од својата партија беа обвинувани за криминал е потценување на здравиот разум на сите жители на Кисела вода. Наместо да се плаќа од општински буџет адвокатот на Мијалков, средствата треба да се пренаменат во нови паркови, игралишта, монтажни гаражи и други проекти, од кои бенефит би имале сите жители на Кисела Вода.
ЛЕВИЦА: ИВИЦА КОНЕВСКИ ОД МЕРИОТ КОАЛИЦИЈАТА ГЛАВЕН АДВОКАТ ВО КИСЕЛА ВОДА

Додека градоначалникот Ѓорѓиевски одбива да воведе бесплатни градинки по иницијатива на Левица, очигледно општината може месечно да издвојува 70.000 денари за Ивица Коневски.

Токму портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски и Стоилковски, претходно го обвинуваа Коневски дека одработува за владејачкиот режим на СДСМ и поради тоа никогаш не излегол со јавна критика. Самиот Стоилковски јавно тврдеше дека Коневски поседува стан во зградата на Мајчин дом и деловен простор од 350 м2.

Токму партијата на градоначалникот Ѓорѓиевски изминатиот период тврдеше дека амнестирањето од кривичен прогон Коневски го добил поради неговиот молк против политиките на Заев. Всушност, Коневски беше еден од бившите функционери на ДПМНЕ кој тврдеше дека промената на името е завршена работа и неговата партијата треба да гледа кон иднината. Дали и за градоначалникот на Кисела Вода насилничката промена на државното име е завршена работа?

Трошењето пари на граѓаните за функционери кои од својата партија беа обвинувани за криминал е потценување на здравиот разум на сите жители на Кисела вода. Наместо да се плаќа од општински буџет адвокатот на Мијалков, средствата треба да се пренаменат во нови паркови, игралишта, монтажни гаражи и други проекти, од кои бенефит би имале сите жители на Кисела Вода.

Доколку градоначалникот Ѓорѓиевски има потреба од адвокатски услуги, му порачуваме да вработи соодветно лице во општината, со што ќе се рационализираат трошоците на буџетот.

Поврзување со криминогени поранешни функционери и ставање на платен список на општината само укажува на тоа дека триото СДС-ДПМНЕ-ДУИ заеднички функционира на меѓусебно амнестирање од кривичен прогон.

Општина Кисела Вода има и други чудни активности и начини како се трошат општинските пари:

Исто така по наводниот договор во Белата палата твитер профилите на МЕРИОТ КОАЛИЦИЈАТА наеднаш исчезнаа. Истите претходно се користеа најмногу за напади врз МИЦКОВСКИ при што не се бираа зборови за навреди:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.