Левица и МВР со појаснувања околу приведувањето на лидерот на Црвена младина

Политичката партија Левица преку објава на Фејсбук информираше дека е приведен нивниот претседател на младинското движење Андреј Куцуловски откако за време на ракометен натпревар во спосртската сала Јане Сандански го истакнал палестинското знаме.
Левица тврди дека при интервенцијата на полицијата била употребена сила и дека ќе ги искористат сите правни и институционални механизами за расчистување на случајот.
– Андреј Куцуловски е преведен поради мирно и дистоинствено истакнување на знамњето на Палестина и тоа како да станува збор за високоризичен криминалец. Без никакво образложение, без наведување на основ за лишување од слобода, без посочување кривично дело и прекршок, тој беше грубо оттурнат и со исици однесен во полициска станица. Во целиот чин ниту еден од полициските службеници не се легитимираше, тврдат од Левица.
Министерството за внатрешни работи потврди дека попладнето е приведено лице со иницијали А.К. кој истакнал знаме на Палестина.
– Лицето е приведено во полициска станица за сторен прекршок по член 3 од Законот за спречување насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, велат од полицијата.
The post Левица и МВР со појаснувања околу приведувањето на лидерот на Црвена младина appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: