Левица: Касами повика на рушење на уставниот поредок – ОЈО итно да постапи

Првиот човек на Движењето Беса и актуелен коалиционен партнер на ДПМНЕ во советот на Тетово, Билал Касами, честитајќи го Денот на знамето на Албанија, упати јасна иредентистичка порака, каде изјави дека Македонија ќе стане трета албанска држава.

Адвокат од Куманово нападнат во својата канцеларија
Адвокат од Куманово вчера пријавил во полиција дека физички бил нападнат во својата канцеларија од лице од Виница. – На 02.01.2025 година во 13.00 часот во СВР Куманово Н.К. од село …
Објавена листа на соработници на нацистите во Холандија
Холандските власти во рамки на проектот нарачен „Војната на суд“, објавија листа на околу 425.000 граѓани на Холандија осомничени дека соработувале со нацистите за време на окупацијата на земјата во Втората …

Политичката партија Левица коментира дека изјавата претставува своевидна кулминација на долгата низа крајно националистички, етнотрибалистички и максимално сецесионистички ставови и дела на т.н. албански политички партии во Македонија по повод Денот на албанското знаме.

„Додека во Уставот е јасно наведено дека Македонија нема територијални претензии и дека го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави – иредентисти како Касами отворено го подриваат уставниот поредок и суверенитетот на Македонија. Затоа, ваквата заканувачка изјава не смее да наиде на молк од страна на Јавното обвинителство кое го повикуваме да отвори предмет за сторени кривични дела: Повикување на насилна промена на уставниот поредок и Загрозување на територијалната целина“, велат од Левица.

Јавно ги повикуваат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да ја осудат оваа изјава на Билал Касами и да објаснат на македонските граѓани – како со вакви сецесионистички албански политички партии, кои отворено ги искажуваат своите ставови за отцепување од Македонија и креирање на Голема Албанија, можат да коалицираат и да „планираат европска иднина“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.