Жителите на Аеродром посебно жителите во населба Лисиче, секојдневно се изложени на страшно загадениот воздух кој тројно ја надминува границата на дозволеното загадување, реагираат од локалниот огранок на Левица во Аеродром.
– По се изгледа на Тимчо Муцунски не му е гајле за овој проблем на жителите на Аеродром.
Во Општината инспекциските служби се глуви на проблемите на граѓаните и незаинтересирани. Седат во топлите канцеларии и коментираат по фејсбук страните, место да се на терен и будно да ја следат ситуацијата со загадувањето и соодветно да реагираат.
Кога Тимчо ќе реагира и ќе ги стави жителите на прво место? – прашуваат од Левица Аеродром.