Врската помеѓу ДПМНЕ и ДУИ никогаш не била прекината! Таа повторно излезе на површина откако доцна во ноќта зад затворени врати од јавноста, пратениците од т.н. Европски фронт ѝ помогнаа на коалицијата ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ на шверцерски начин да го донесе Законот за реорганизација на министерствата. Со помош на ДУИ, беше овозможено отворање на 4 нови министерства, чија примарна цел е ухлебување на партиска војска на ДПМНЕ и задоволување на апетитите на олигархијата што ја спонзорира Партијата, како и полесно распределување на колачот помеѓу Широката коалиција.
Неформално во јавноста протече информација дека на полноќните средби на кои се пазарело уредувањето на државниот апарат, условот за обезбедување на 2/3 мнозинство од ДУИ било барањето за озаконување на т.н. „Мајски договор“, односно – во иднина Влада да се формира со Бадентерово мнозинство помеѓу победниците од двата наметнати етнички политички блока.
Ваквиот законски услов за формирање на Влада би бил целосно спротивен на Уставот на Република Македонија, кој во член 51 предвидува дека законите во Републиката мора да бидат во согласност со Уставот! Уставот не предвидува никакво посебно мнозинство за избор на Влада, ниту пак Бадентер, туку јасно определува во член 90 дека Владата на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието само со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Прифаќањето на овој предлог на ДУИ би значело официјализирање на противуставниот и антимакедонски концепт на бинационална држава и озаконување на етнотрибалистичката антиевропска политика која сè повеќе ја загрозува унитарноста и демократијата во Република Македонија!
Левица цврсто стои на ставот дека за тенденциозните балистички барања кои го нарушуваат унитарниот карактер на државата и државниот суверенитет, без разлика од која партија доаѓаат, ДУИ или ВЛЕН треба да бидат одбиени! Воедно, Левица во својата програма предвидува забрана за етнички партии, бидејќи пракса во сите демократски земји е партиите да се формираат врз основа на идеолошки определби, а не според етнички или религиски групирања!
Заради избегнување на ваквите националистички уценувања и тенденции, и покрај огромните идеолошки и програмски разлики, имајќи го предвид државниот и национален интерес, вклучително и интересите на сите македонски граѓани, Левица понуди бланко поддршка до ДПМНЕ за да не изгласаат балист од партија со освоени два пратенички мандати да раководи со Собранието, како и условна поддршка за реорганизацијата на Владата со воведување на една изборна единица, која при ваквите етноблоковски поделби, ќе овозможи закрепнување и дополнително обезбедување на унитарниот карактер на државата.
Со почит,
Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица
The post Левица: „Мајскиот договор“ е противуставен appeared first on 365.com.mk.
Пронајдете не на следниве мрежи: