ЛЕВИЦА: МИЦКОСКИ ДИРЕКТНО УЧЕСТВУВАШЕ ДА НЕ ПОМИНЕ ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА!

Додека во Собранието на Република Македонија се гласаше предлог-Законот за амнестија на осудените за 27 април, Христијан Мицкоски заедно со Олга Лозановска и Силвана Ангелевска пратенички во Собранието си водеа партиска агенда во Битола.

Огранокот на Левица од Битола објави статус кој што го пренесеуваме во целост

Според партиските настани на ДПМНЕ Мицкоски оствари средба со стопанственици од Општина Битола, каде се зборувало за развојот на Битола додека во Собранието се гласа предлог-Закон за амнестија на осудените за 27 април, кои дел од тие осуденици се во потесна врска со ДПМНЕ.

Што значи дека Мицкоски придружуван од пратеничките кои земаат народни пари и за време на Седница на Собранието на Република Македонија остваруваат партиски средби директно учествувал во саботирањето на предлог-Законот.

Од друга страна пак неговиот најблизок соработник потпретседателот на партијата исто така не го поддржа овој закон и оттука се потврдува дека Мицкоски координирано ги повлекол своите пратеници со цел предлог-Законот за амнестија на осудените за 27 април да не помине!

Дали со овој потег Мицкоски и официјално ги потврди новите осум пратеници кои ќе гласаат за уставни измени?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.