Политичката партија „Левица“ обвинува дека во Министерството за земјоделство се врши партизација, откази и прераспределувања на вработени, без реална потреба.
– Деновиве до Левица пристигнаа сведоштва од внатре, според кои десетици вработени се прераспределени по подрачни единици надвор од Скопје, не поради реална потреба, туку како форма на одмазда и дисциплинирање за „непослушните“. Паралелно на ова дел од вработените се избркани, а голем дел биле доведени во ситуација сами да дадат отказ поради неподнослива ранботна атмосфера, мобинг и притисоци. Една од клучните алатки за вакви притисоци, како што сведочат дојавувачите, е манипулација со систематизацијата. Имено, со менување на условите за работните места, вклучително и бришење на критериумот за соодветно високо образование, во Министерството се отварало простор за деградирање и преместување на искусни кадри, за сметка на лица кои немаат соодветни квалификации, но имаат политичка поддршка, велат од Левица.
Посочуваат дека вработените во Министерството за земјоделие реагираат дека уште од сега им е најавено дека со новата систематизација, која треба да биде во мај, голем дел од нив ќе бидат преместени и деградирани и тоа без јасни критериуми и без образложение засновано на професионални стандарди.
Дополнително, дпдаваат од Левица, вработените се загрижени и од фактот што немаат институционална заштита.


