Левица го следи развојот на настаните и повторно изразува поддршка за самоорганизирањето на студентите за екслпицитно студентски прашања поврзани со нивното претставување.
Од друга страна, гледаме дека во најтраорните денови во поновата македонска историја, кога ја преживуваме најголемата колективна болка како нација – во овие денови на жалост владејачката партија ДПМНЕ организира јавна хајка против млади луѓе, користејќи провладини елементи. Авторитарниот пристап на власта не загрижува за демократската атмосфера во општеството. Во ова осетливо време власта избира да се пресметува со опозицијата за да избегне одговорност.
Левица остро го осудува ова однесување на властите кои без ронка срам сакаат да го демонизираат гневот и болката на младите кон системот кој ни одзема толку блиски луѓе и сограѓани, давајќи му партиски контекст.
Партиите на системот кои учествуваа во неговото креирање да не морализираат – Левица настана и ќе продолжи да постои како одговор на нивната корупција.
Силата на едно општество лежи во смелите идеи и неисцрпната енергија на младите. Кога создаваме вистинските можности за младите, создаваме напредокот на целото општество. Поддршката на младинскиот активизам е заложба за подобро утре.
За Левица и нашата Црвена Младина, чии активисти се меѓу повредените во немилиот настан, должност е да ги поддржиме и заштитиме!
Борбата против корумпираните допрва почнува!
#КорупцијатаУбива
#ИБолИБес
#НеподмитливитеВоСобранието