Легендата објасни зошто Дончиќ не игра за Србија: „Кога дојде време, доцневме“

Лука Дончиќ е еден од најдобрите кошаркари во светот, а една од темите што секогаш се врти околу Словенецот е неговиот избор за репрезентацијата.

Имено, таткото на Дончиќ е Србин, а неговата мајка Словенка, и тој одбрал да игра за словенечката репрезентација.

Легендарниот кошаркар Горан Грбовиќ во интервју за телевизијата „Моцарт“ потврди дека Србија направила огромна грешка во својот пристап.

„За само една четвртина, од височини до небото, стануваме најлоши на светот, таква нација сме. Но, не смееме да ги пропуштиме можностите што ни се појавуваат. Зборуваме за играчи кои имаат српски корени. Слушам во општеството кога некој вели „Како Лука Дончиќ не игра за Србија?“. Му беше понудена репрезентацијата до 18 години, Словенија му ја понуди сениорската репрезентација. Кога дојде време, доцневме. Дури кога стана најдобар на светот беше „наш“. Имаме многу талентирани деца низ целиот свет – од чисти српски бракови, па и од мешани. КСС мора интензивно да ги следи, ако сакаат да играат за Србија, не смееме да го пропуштиме тоа“, рече човекот кој осум години го носеше дресот на Партизан и беше најдобар стрелец во Евролигата.

Да потсетиме, Дончиќ моментално игра за Лос Анџелес Лејкерс, а со Словенија го освои Евробаскетот 2017.
The post Легендата објасни зошто Дончиќ не игра за Србија: „Кога дојде време, доцневме“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: