Легнете на страна, спиењето на стомак е лошо за телото

Спиењето на стомак може да предизвика дегенерација на кичмата, предупредуваат експертите од Универзитетот Сент Луис во САД.
-Никогаш не спијте на стомак. Изненадувачки голем број на луѓе не се ни свесни дека тоа е лошо за здравјето. Покрај тоа што го уништува кичмениот столб, ваквиот начин на спиење го намалува и крвниот притисок, објасни одамна докторот Адам Танасе.
Телото едноставно не ја сака таа положба. Вртењето на главата на овој начин, макар и на неколку минути, ги заморува лигаментите и мускулите околу кичмата.
Доктор Танасе им порача на сите кои ја имаат оваа лоша навика, да се потрудат да ја променат и да спијат на страна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.