Утрово во Македонија беше многу студено со температура што се спушти до минус 21 степен во Битола. Во Берово се измерени -17 степени, во Струмица -15, во Прилеп и Демир Капија -14, во Лазарополе и Крушево -12 , во Маврово -11 , во Штип и Крива Паланка -10, во Скопје Петровец, Охрид, Претор и Пожаране -9, во Дебар -8, во Гевгелија и Куманово -7, во Скопје Зајчев Рид -6, а во Дојран -4 степени.
Врнежи во текот на изминатото деноноќие имало во Струмица, Демир Капија, Дојран, Куманово и Виница, а снежната покривка е највисока во Маврови Анови 65 сантиметри. Во Крушево има 32 сантиметри снег, во Битола 27, Тополчани 25, Попова Шапка 14, Демир Капија 13, Струмица 12, Берово 10, Пожаране, Лазарополе и Ѓуриште 8, Дојран, Прилеп 6, Претор и Крива Паланка 3, Штип 2 и Куманово 1 сантиметар.
Времето утрово е умерено до значително облачно и многу студено. Локално во северните и североисточните делови провејува снег.
Во текот на денот се очекува променливо облачно време. Локално, особено во северните делови, ќе има слаби врнежи од снег. Попладне во централните и јужните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен северозападен ветер.
Максималната температура ќе достигне од -4 до плус 4 степени.
И во Скопје времето ќе биде облачно со повремено провејување на снег. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 1 степен над нулата.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под –15 степени. Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат во среда.