ЛЕДЕНА ЧОКОЛАДНА ТОРТА – Засладете се и освежете се

Ефтина и лесна за подготовка
Состојки:
4 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша павлака
90 гр чоколадо
1 готова кора
Подготовка:
Одделете ги жолчките и белките и додадете по половина чаша шеќер во нив и изматете ги белките. Жолчките изматете ги додека не побелат, со малку ванила. Посебно изматете ја павлаката. Во изматените состојки соединете ги во еден сад. Изрендајте половина чоколадо и промешајте повторно. Ставете ја претходно подготвената кора во калап за куглоф, истурете ја смесата за сладолед. Ставете ја сладолед тортата во замрзнувач да се стегне неколку часа. Преостанатото рендано чоколадо искористете го за украсување на тортата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.