Ледено тајландско кафе за будење на сите сетила

Потребни состојки:
Силно филтер црно кафе, доволно за 4 шолји
2 лажички изрендан кардамом
60 милилитри засладено кондензирано млеко (повеќе по желба)
1 лажичка екстракт од бадем (за безалкохолната верзија)
90 милилитри Амарето (за алкохолната верзија)
Здробен лед


Начин на подготовка:
Додајте го кардамомот во смеленото кафе, а потоа подгответе го на вообичаениот начин. Сипете го кафето бокал, па додајте Амарето (доколку сакате алкохолен коктел) или екстракт од бадем (доколку сакате безалкохолен пијалак). Мешајте додека состојките не се соединат целосно.
Наполнете 4 чаши со искршен мраз, па сипете го кафето во секоја од нив и додајте по околу 1 супена лажица засладено кондензирано млеко. Доколку сакате поблаг вкус, слободно зголемете ја дозата на млекото. Уживајте во вашиот пијалак!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.