Лекарите дале мислење на полицијата: Нивниот извешај е шок за сите, прочитајте зошто на Шаулиќ му пукнала аортата

Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ загина во сообраќајка во Германија, кога во автомобилот со кој се превезувал со голема брзина удрил пијан Германец без возачка дозвола.
Неговиот син и постарата ќерка конечно успеале да го видат телото на својот починат татко, се наведува во информацијата од Билефелд и додаваат дека од загинувањето до денес нивните институции се во постојан контакт со Генералниот конзулат на Србија, кој е информиран за се. Тие уште наведуваат дека на претставниците на Конзулатот и на семејството им биле овозможени разговори со надлежните во полицијата, со главната докторка која го предводи тимот вклучен во спасување на српски државјани, државниот обвинител, како и со претставници на Министерството за внатрешни работи.

УАПСЕН ПИЈАНИОТ ГЕРМАНЕЦ КОЈ ГИ УБИ ШАБАН И МИРСАД:
Возачот кој ја предизвика сообраќајката е во притвор! Автомобилот не бил негов, а се прочу уште една ШОКАНТНА информација за него.
Полицијата, според наводите на вклучените во случајот со загинувањето на Шаулиќ, потврдила дека автомобилот во кој бил пејачот ја намалил брзината заради ситуацијата на патот и дека другиот автомобил директно налетал на нив по што тие удриле во банкината.

Германецот, кој ја предизвикал незгодата, по службена должност се гони кривично.

Кога, пак се работи за медицинската помош која му била пружена на Шаулиќ, докторката која го предводела тимот, како што дознава Танјуг, рекла дека Шаулиќ сам излегол од автомобилот, бил свесен и зборувал. Но, тие не го разбрале затоа што зборувал српски, но сватиле дека се жалел дека го боли грлото и дека состојбата му се влошила.
Заради подготовки за транспорт, лекарите според германските медицински стандарди, му дале средство за смирување и го внеле во хеликоптер, пренесува српски медиум.

Според проценката на лекарите на местото на настанот дека тој е најтешко повреден било одлучено да се транспортира со хеликоптер. Него го однеле во најголемата и најдобро опремена клиника во Билефелд. Останатите двајца негови сопатници со санитетски возила се однесени во две други болници. На местото на несреќата вкупно имало 40 санитетски и противпожарни возила. Надлежните тврдат дека Шаулиќ ја добил најдобрата можна услуга на брзата помош во Германија, која вклучува превоз со хеликоптер и цел тим на лекари.
Во болницата во Билефелд стигнале околу осум часот, а по реанимацијата морале да му го отворат градниот кош и тогаш виделе дека му пукнала аортата, што медицински е невозможно да се санира.
Во недела во 10 часот и 25 минути Шаулиќ починал, пишува во протоколот.
Лекарите сметаат дека појасот во автомобилот од силината на ударот го притиснал тоа место, па дошло до пукање на аортата, а докторката која го предводела медицинскиот тим за целосниот протокол на спасувањето дала свое мислење на полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.