Виетнамски лекари му го спасиле животот на човек кој умирал од труење со алкохол така што му вбризгале 15 лименки пиво во неговиот стомак.
Нгујен Ван Нат бил превезен во болница во провинцијата Кванг Три на 25-ти декември, откако се онесвестил со 1000 пати поголема количина на метанол во својот организам од безбедната.
Лекарите му внесувале по една лименка пиво во телото на секој час, за да го ограничат метанолот кој го преработувал неговиот црн дроб, а тоа им дало доволно време да ја пречистат крвта преку дијализа. Благодарение на тоа, лекарите го спасиле неговиот живот.
Метанолот, познат и како метил-алкохол е опасен вид на алкохол. Тој е многу отровен, а една количина од 30 милилитри може да предизвика трајно слепило или смрт.