Веројатно сте слушнале за тврдењето дека ви се потребни најмалку 8 часа сон за да функционирате нормално. Универзитетот од Пен Стејт тврди дека сепак ви е потребен половина час повеќе ако навистина сакате да се наспиете.
Објаснувањето за 8,5-часовното спиење, според Универзитетот од Пен Стејт, е поради тоа што повеќето луѓе спијат во кревет 90% од времето, па за да се надополни одморот за телото треба да спиете половина час повеќе.
- Овие три хороскопски знаци се најголеми скржавциНекои луѓе едноставно не сакаат да споделуваат – без разлика дали се работи- прочитај повеќе
- Ја поставил љубовницата за кралица, чекал повеќе од 7 децении за да се качи на тронот: Кој е кралот Чарлс III кој го промени курсот на британскиот двор (фото)Ова се 10 интересни факти за кралот Чарлс кој денес наполни 76 години.На- прочитај повеќе
- Германските автомобилски брендови би можело да се вратат во Русија веќе идната годинаГерманските автомобилски брендови би можело да се вратат во Русија веќе во 2025- прочитај повеќе
- Владата ги заборави лицата со попреченост – се крати од лицата со попреченостИлинденска бб, Ке имаме социјални услуги или и тие што ги имаме па- прочитај повеќе
- Голем пресврт во Киев: Украина размислува да отстапи дел од територијата?Украинските власти долго време нагласуваат дека земјата нема да ѝ отстапи ниту една- прочитај повеќе
Ако ова е идеалната количина сон, колку спиење е премалку? Дали вашето тело ќе функционира нормално ако спиете многу помалку од предвидените 8,5 часа? Дознајте подолу.
0 часа – Неспиењето е мачење. По три дена без спиење ќе изгубите смисла за случувањата околу вас и телото ќе го затвори мозокот во фаза наречена „микроспиење“. Кога-тогаш, следува смрт. Не го препорачуваме ова.
2 часа – Никој не може вистински да функционира со само 2 часа сон секоја ноќ. Но, кај многумина овие два часа сон се единствената опција во денови и ноќи кога тие се презафатени за да спијат повеќе. Не е препорачливо, освен во посебни околности.
4 часа – Некои политичари, спортисти и бизнисмени тврдат дека четири часа сон им се сосем доволни, но тоа не може да е вистина. Малата количина на сон предизвикува чести промени на расположението, агресивност и зголемена телесна тежина. Четири часа сон не се препорачливи, посебно ако имате одговорна и тешка работа.
6 часа – Поголемиот дел од вработените луѓе спијат по 6 часа во текот на работната недела. Викендот и радувањето на доаѓањето на петок е научно објаснето преку тоа што во текот на работната недела во телото се собира замор, за во сабота телото да се одмори колку што може поради тоа што е слободен ден. Ако ви фали спиење, побарајте слободни денови или пак работете од дома.
8 часа – Општо прифатената временска количина на спиење. Бил Гејтс тврди дека седум часа се доволни, но дополнителен час нема воопшто да ви штети.
10 часа – Тинејџерите треба да спијат повеќе од возрасните – околу 9 или 10 часа дневно. Најголем проблем кај нивниот сон е раното станување за одење на настава во училиште.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.