Познатата блогерка Худа Катан која се прослави поради своите одлични совети за нега на женската убавина, сподели еден бизарен третман и предизвика лавина на коментари, особено ги “крена” докторите на нозе. Шминкерката напишала контроверзен блог кој го именувала како “Зошто Вашата вагина потемнува и како да ја осветлите”, велејќи дека некои жени премногу се грижат за својата кожа која потемнува во интимата. Худа има 25 милиони следбеници на Инстаграм, а таа тврди дека пронашла трикови за како да го осветлите овој предел од телото и тоа самите без да посетувате скапи третмани.
Бизарниот третман се состои од неколку намирници: сок од лимон, јогурт, кокосово масло и белковини (сите намирници кои не треба да се ставаат таму долу).
“Ви докажувам дека постои можност за да се осветлат одредени делови од женското тело со природни состојки”, напишала во описот.
Но, докторите апелираат тоа да не се прави. Докторот Дорис Деј истакнува дека жените на кои бојата на кожата им се менува да се консултираат со дерматолог за да добијат некој вид на хемиски пилинг, кој содржи состојки од хидрокинон и транексаминска киселина.
Постојат многубројни причини зошто вагината на жената може да ја менува бојата на кожата, најмногу поради промената на хормоните откако ќе родат деца или додека се во менопауза.