Лекари предупредуваат на „епидемија“ на царски резови

Бројот на породувања со царски рез е двојно зголемен во последните две децении и достигна епидемиска расзмери во некои земји, објавија лекари во списанието Лансет.
Милиони жени секоја година се изложуваат себеси и своите бебиња на непотребниот ризик од царски рез во размери „кои апсолутно немаат никаква врска со медицински причини”.
Во 2015 година, последни достапни достапни информации, лекарите извршиле 29,7 милиони царски резови во светот, што е 21 процент од сите раѓања.


Петнаесет години претходно, на почетокот на 21 век, имало 16 милиони царски резови или 12 проценти од сите раѓања. Се проценува дека царски рез, хируршка процедура која ги спречува компликациите при раѓање, е неопходен за 10 до 15 проценти од бременостите. Во најмалку 15 држави од светот со таков зафат се раѓаат дури 40 отсто деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.