Лекар од Боговиње е позитивен на коронавирус, 156 лица ќе одат во изолација

Лекар од Боговиње е позитивен на коронавирус, 156 лица ќе одат во изолација

Во општина Боговиње, бројот на заразени со „Ковид 19“ достигна 8, дознава ТВ21.

Позитивен на тестирањето бил и доктор. Поради него 156 лица ќе бидат во самоизолација, повеќето се пациенти.

Ова го потврди градоначалникот на Боговиње Аљбон Џемаили. Градоначалничката на Тетово Теута Арифи побара да запре меѓуопштинскиот превоз, со цел спречување на ширењето на вирусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.