„Лекар од пеколот“: Приведен 39-годишен доктор осомничен дека убил четири свои пациентки

Полицијата во Берлин приведе 39-годишен лекар осомничен за убиство на четири жени. Специјалист за палијативна нега, наводно, убил женски пациенти во нивните станови во јуни, соопштија во средата берлинската полиција и јавното обвинителство, пренесува „ДПА“.

Докторот бил изведен пред судот во вторникот, а потоа му бил одреден притвор. Тој е обвинет и дека со подметнување пожар се обидел да прикрие криминални дела. Успеал да запали пожар во три стана.

Четирите жртви биле на возраст меѓу 72 и 94 години, а уште не е познато како биле убиени. 87-годишна жена била реанимирана од итната помош, но подоцна починала во болница.

Во берлинскиот кварт Нојколн, тој наводно, убил 76-годишна жена. Се обидел да го запали станот, но не успеал.

Потоа ги повикал нејзините роднини и рекол дека не може да влезе бидејќи таа не ја отворала вратата.

Пронајдете не на следниве мрежи: