Лекар советува на децата да им се дава маст на леб, деликатес со кој пораснаа нашите предци

Маст, леб и црвен пипер – јадење деликатес од нашето детство. Маст, леб и црвен пипер беше јадење деликатес од нашето детство, маста се јадеше и како лек и како храна. Постарите генерации знаат за ова јадење во времиња кога не постоеја толку предрасуди за користењето на маста во кујната, здравјето, па и во козметички цели.
Секој има право на избор и мислење дали ќе ја користи маста или не. Сите ние како деца барем еднаш сме го пробале ова јадење кое додека трепнеш ни го приготвуваа нашите баби. Без разлика дали тоа беше топол леб, погача или ладен леб, сосем беше неважно.
Парчето леб намачкано со маст, посолено и наросено со црвен пипер во прав или буковец ни беше вистински деликатес со кој истрчувавме на улица да си играме…немаше ништо послатко. Маста испрана во девет води е добро познат лек кој им се става на децата во нос, а кај возрасните исто така помага при затнат нос или бронхитис.


Од маста се приготвуваа и разни креми за сува кожа и разни билковни мевмеми. Најубавата храна се приготвуваше со маст: печени компири, зелници, пити, ванилици, разни колачи… Се користеше домашна маст, а не индустриска, што е многу важно.


Многумина можеби ќе речат “фуј”, а други можеби ќе уживаат во видеото и ќе се потсетат како некогаш се јадеше… Оние што боледуваат од тешки заболувања, секако маста треба да ја одбегнуваат. Во секој случај, не треба да се претерува, туку да се биде умере.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.