Новиот документарец Killing Michael Jackson ќе открие морничави детали, како и прв поглед во спалната соба на пејачот од дента кога почина од срцев удар предизвикан од предозирање.
Лекови, порака на вратата, купови од книги и списанија, кукла на креветот… така на кратко изгледала собата на музичката легенда.
За првпат, тројцата детективи кои ја водеа оригиналната истрага за смртта на Мајкл Џексон, ќе зборуваат што пронашле во неговата соба неколку моменти откако тој починал.
Документарецот содржи фотографии од собата во која Мајкл бил третиран, неговата спална соба, како и медицинската чанта на докторот кој се грижел за него.
Дел од нив го најдоа патот до јавноста:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.