Лекот „Ивермектин“ од утре достапен во аптеките

Лекот „Ивермектин“ кој се користи за лекување на заболени од Covid-19 веќе е стигнат во земјата и од утре ќе се продава во аптеките, уверува директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Љирим Шабани.
Цената на лекот, како што посочува директорот, ќе изнесува околу 300 денари.
„Лекот е стигнат во земјава, се прават последни процедури за да се стави во промет и најверојатно од утре веќе ќе биде достапен. Цената на лекот ја одредува Министерството за здравство, но мислам дека ќе чини околу 300 денари“, рече Шабани.
Тој минатата седмица информираше дека се одобрени сите барања од болниците и веледрогериите кои ги исполниле услови.
„ Дадовме одобрение за увоз и останува на компаниите на фармацевтските куќи кога ќе можат да го донесат лекот. Ни најавија дека има полициски час во неколку држави и дека тешко ќе биде за неколку дена да стигне лекот. Ние ги завршивме сите административни проедури и сега прашањето е техничко кога ќе можат тие физички да го донесат, имајќи предвид дека има лок даун во неколку држави заради празниците“, рече тогаш Шабани

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.