Група луѓе ја прославувале својата годишнина од дипломирањето и одлучиле да посетат еден стар професор. За време на посетата, почнале да разговараат за работата и да се жалат на разните тешкотии и животни проблеми.
Лекција од стар професор што нема да ја заборавите: Секогаш потсетувајте се на ова кога пиете кафе
Професорот отишол во кујната да направи кафе, а кога се вратил, носел шолји со различна големина и од различни материјали: некои биле пластични, некои стаклени, некои порцелански, некои евтини, други скапи…
Кога поранешните студенти го поделиле кафето, професорот им рекол:
„Имајте на ум дека убавите шолји се раззедоа, а останаа евтините. Иако е нормално да го посакувате најдоброто за себе, сепак тоа е извор на сите ваши стресови и проблеми.
Разберете дека шолјата не го прави кафето подобро. Најчесто таа е само поскапа, но понекогаш дури и го крие она што го пиете. Всушност, сè што сакавте беше кафе, а не шолја. Но, вие намерно го избравте најдоброто и потоа гледавте што ќе изберат другите.
Животот е кафето, а работата, парите, позицијата во општеството – сето тоа е шолјата. Тоа се само алатки за одржување на животот. Шолјата што ја имате не го одредува квалитетот на вашиот живот. Понекогаш сте толку фокусирани на шолјата што заборавате дека треба да уживате во кафето.
Најсреќните луѓе не се оние што имаат сè најдобро, туку оние што го извлекуваат најдоброто од она што го имаат.“