Српската пејачка Лепа Брена раскажа како го поминува своето време во изолација и вели дека после подолго време се посветила на себе си.
Брена за српските медиуми рекла дека после 40 години посветени на кариерата и семејството, времето поминато во изолација го посветува на себе.
„Животот не застана, само треба да се избориме со оваа комплексна ситуација. После 40 години занимавање со кариера и семејство, се свртев кон себе. Она што многу ми годи е јогата и правам вежби секој ден, сите оние креми кои ги имам им истекол рокот. Секогаш ги фрламе, а сега имаме време да се негуваме, има време за масажа, маникир, педикир..“ вели Брена.