Лепа Брена сака ќерката на Цеца да и биде снаа

„Мама Брена би била задоволна кога Анастасија Ражнатовиќ би ми била сопруга“, рекол синот на пејачката
Лепа Брена сака Анастасија Ражнатовиќ да и биде снаа, а Цеца Ражнатовиќ се огласи по тој повод и истакна дека нема да се меша во изборот на својата ќерка.


Мама Брена би била задоволна кога Анастасија Ражнатовиќ би била снаа. А и јас. Таа е фантастична девојка. И двајцата имаме познати мајки, изјавил Стефан во емисијата „Гламур” и истакнал дека би сакал да снима дует со ќерката на Цеца.
Брена не се прашува! Имам ќерка и таа одлучува, изјавила низ смеа Цеца и истакнала дека на неа не би и пречело ако Анастасија се забавува со момче кое не е дете на познати родители.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.