Лепа Брена се најде на позната странска страница – објавија колку е „тешка“

Познатата странска страница „Celebrity net worth“ која всушност се занимава со финансиите на големи ѕвезди овој пат објави колку тежи српската ѕвезда Лепа Брена.
Така, богатството на популарната пејачка на оваа странска страница се проценува на дури 16 милиони долари, или 13,7 милиони евра. Според нив, Фахрета Живојновиќ е најпродаваната уметничка во поранешна Југославија со продадени над 40 милиони плочи.


– Фахрета Живојиновиќ е југословенска пејачка, актерка и менаџер за таленти која има вредност од 16 милиони долари. Родена е во Тузла во октомври 1960 година. Таа е најпродаваната авторка од Југославија со продадени над 40 милиони плочи, се вели на веб-страницата.
Не е познато по што се воделе при собирање податоци за Брена и нејзиното богатство, со оглед на тоа што не се споменуваше приватна деловна активност, ниту продажбата на Гранд од која Брена собра добра сума пари.
Во таа насока, оваа бројка не мора да биде точна, бидејќи Брена може да има многу поголема сума од онаа што ја заработи од почетокот на нејзината кариера до денес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.