Лепа Брена удри по мажите кои ги изневеруваат сопругите

Познатата пејачка Лепа Брена во нејзин стил одлучи да им порача јасна и моќна порака на сите мажи кои ги изневеруваат своите жени со помлади девојки.
-Порака до сите мажи: Чувајте ги своите стари кокошки, бидејќи пилињата се полни со салмонела, објави пејачката на својот Инстаграм профил.


Оваа нејзина порака предизвика бура од реакции додека се уште во ек е секс скандалот со познатата пејачка Јелена Карлеуша и фудбалерот Огнен Врањеш.
Таа неодамна во едно интервју за српските медиуми изјавила и дека изневерувањето не го гледала како сексуален чин, туку повеќе како предавство на брачниот партнер и семејството.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.