Лепа Брена ја откри вистината за кавгата со Новак Ѓоковиќ: „Мора да имате доверба во личноста со која почнувате бизнис“

Деновиве во српските медиуми се појавија вести дека таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан Ѓоковиќ побарал од Лепа Брена и тогаш најдобриот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ да вложат финансии во Новак.
Меѓутоа,како што пренесуваа медиумите, Боба го одбил таткото на најдобриот тенисер.
„Боба го одби Срџан. Изјави дека Новак е добар тенисер, дека може многу да постигне, но дека има болно срце и дека неговиот татко е тежок за соработка.
Да вложија во него, ќе имаа 15% од секоја негова награда или спонзорирани договори, односно за 10 години ќе имаа 18 милиони евра“ вели за „Стар“ добро известен извор.
Во интервју за курир.рс, Брена проговори за оваа ситуација и ја откри вистината.
„Не сум стручна за тенис и не знам за таков вид на понуда, но знам дека морате да бидете пријател и да имате доверба во оној со кој почнувате бизнис, а во наведниот случај немаше такво нешто. Го сакаме и почитуваме Новак и неговото семејство.
Тој е најсветол пример за успешно и прекрасно момче.
Сакаме сите негови соништа да станат јавност бидејќи го заслужи тоа“ вели Брена.
За потсетување, сопругот на пејачката, Слободан Боба Живојиновиќ беше најдобар тенисер во времето на бивша Југославија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.