Лепиња со кашкавал и компир која се топи во уста: Се подготвува многу лесно, од само неколку состојки

Денеска ви претставуваме едноставен рецепт за сочна лепиња од тава со кашкавал и компир.

Потребни состојки:

  • 90 гр. остро брашно
  • 50 мл. млеко
  • 10 гр. стопен путер
  • малку сол
  • 1 компир
  • 2 лажици мајонез
  • кашкавал

Начин на подготовка:
Во еден сад ставете го брашното, млекото, путерот и солта и добро промешајте, па замесете тесто.
Тестото покријте го со проѕирна фолија и ставете го во фрижидер околу 1 час. За тоа време сварете го компирот, а потоа испасирајте го.
Во испасираниот компир додајте 2 лажици мајонез и добро соединете. Откако ќе отстои, тестото расукајте го со сукало, со пречник од околу 22 центиметри.
Одозгора ставете кашкавал, додајте го филот од компир, па ставете уште еден слој кашкавал.

Затворете ги краевите како на фотографијата.
Потоа лесно расукајте го со сукало. Премачкајте ја тавата со путер и ставете го тестото да се пече. Одозгора премачкајте го со истопениот путер и печете од двете страни додека лепињата не добие златножолта боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.