Алкохолот е главниот фактор за развојот на оваа болест. Најчесто, замастен црн дроб се јавува кај алкохоличари, но сè повеќе се зголемува ризичната група којашто вклучува и дијабетичари, гојазни лица и бремени жени. Еден од најзначајните причини за овој проблем е злоупотребата на алкохол. Прекумерното пиење влијае на метаболизмот на црниот дроб, предизвикувајќи неправилно разградување и складирање на маснотиите, а хроничната нутритивна недостаточност, често поврзана со алкохолизмот, придонесува за тоа.
Кај неалкохолниот замастен црн дроб, насобирањето на маснотии во овој орган не е резултат на консумација на алкохол, но често се појавува кај премногу гојазни жени, бремени или лица со дијабетес. Овој тип на нарушување предизвикува дифузно натрупување на неутрални масти, поточно триглицериди, во клетките на црниот дроб, што е последица на неправилно разградување на мастите.
Правилната диетална исхрана е клучен аспект при третирање на пациентите со замастен црн дроб. Со соодветна диета, можно е да се постигне брзо и целосно подобрување на состојбата, додека соодветната исхрана го заштитува црниот дроб и му помага да функционира правилно.
Пробајте го следниов еднодневен детокс за вашиот црн дроб:
1. По будењето, испијте чаша топла вода со свежо исцеден лимон и малку мед.
2. Конзумирајте свежо изцеден сок од морков или неколку залци салата од рендани моркови и јаболка.
3. За појадок, изберете чинија мешана овошна салата со една лажица семиња или фрапе од цреши и оризово млеко. Консумирајте го тоа што ќе ве засити.
4. Пред ужина, испијте чај од маточина и неколку чаши вода.
5. За ужина, свежо изцеден овошен сок и интегрални бисквити или салата од свеж целер и моркови.
Третманот преку ваков начин може значително да помогне во чистење на замастениот црн дроб.
The post Лесен детокс за здрав црн дроб appeared first on 365.mk.