Полнетите пиперки со сирење и јајца се многу брз, а превкусен оброк – можете да ги консумирате и за ручек и за вечера.
Се топат во уста, а се подготвуваат многу лесно за што не ви се потребни некои посебни кулинарски вештини.
Потребни состојки:
- 8 пиперки
- 500-600 гр. сирење
- малку сол
- 4 јајца
- масло за јадење
- 1 лажица кисела павлака
Начин на подготовка:
Пиперките издлабете ги и исчистете ги од семки. Изгмечете го сирењето во еден сад, а потоа додајте јајца и малку сол доколку сирењето не е доволно солено. Додајте и 1 лажица кисела павлака и добро измешајте.
Пиперките наполнете ги со филот и наредете ги во тепсија намачкана со масло за јадење. И одозгора ставете малку масло и печете во рерна загреана на 220 степени. Кога ќе се испечат пиперките одозгора, свртете ги и намалете ја температурата на 200 степени. Печете додека не се запечат и од другата страна.