Никој не сака чести генералки во домот, но ако се држите до овие трикови за чистење, нема да ви бидат потребни толку често.
Во нашите домаќинства, најчесто викендите поминуваат во чистење во кое е вклучено цело семејство, а никој не ужива во ова.
За да не мора секој викенд да ви помине во средување на хаосот, важно е секојдневно да го одржувате редот и чистотата во домот.
За да имате чист дом, не треба еднаш неделно или месечно да направите генералка, туку секојдневно да ги применувате следниве работи:
1. Дамките и маснотијата на кујнските површини нема да се лепат ако после секое готвење бришете со крпа.
2. Кујнските апарати треба редовно и темелно да се чистат за да не се заглавуваат маснотии, парчиња и дамки насекаде.
3. Сунѓерите менувајте ги еднаш неделно и чувајте ги на суво место во посебен држач.
4. Трагите од изгорено и маснотија на тенџерињата бришете ги веднаш по користење, во спротивно ќе останат засекогаш.
5. Наместо отворена канта од кое ѓубрето ќе мириса непријатно, користете канта со капак и фрлајте ја кесата веднаш штом се наполни.
6. Навлаките на гарнитурите и перниците треба да ги носите на хемиско чистење барем 2 пати годишно.
7. Кога бришете прашина на масата, не заборавајте да ги пребришете штекерите и сите места каде што се собира прашина, а не ги гледате, како рамки за слики.
8. Кога го чистите тоалетот, не заборавајте да ги избришете чешмите и сите останати работи.