Лубеницата на многумина им е омилено летно овошје, но доколку ја комбинирате со други овошја, ќе добиете совршен летен десерт.
Рецептот за желе од лубеница и бобинки стана вистински хит на социјалните мрежи.
Потребна ви е една голема лубеница, грозје, јагоди, малини, боровинки и капини.
Исечете го врвот на лубеницата и со помош на обична или лажица за сладолед целосно исчистете ја, а внатрешноста можете веднаш да ја јадете или да ја споделите со семејството додека тие нетрпеливо го чекаат овој необичен десерт.
Измешајте ги бобинките во сад и вметнете ги во издлабената лубеница.
Потоа направете го желето по стандардна процедура, а кога ќе се олади прелијте го во лубеницата.
На крајот вратете го врвот на лубеницата и ставете ја во фрижидер 4-5 часа.
По ова време, овој десерт е подготвен за консумација, а неговиот вкус и изглед ќе ги воодушеви сите на кои ќе го послужите.