Еден од најскапите приватни авиони во светот слета утрово на аеродромот во Будимпешта , а неговиот изглед веднаш го привлече вниманието на јавноста.
Станува збор за авион во сопственост на султанот од Брунеј, Хасанал Болкија. Боингот 747 е познат по својот луксуз и екстраваганција, поради што многумина го нарекуваат овој авион вистинска „летечка палата“.
Кабината на авионот е украсена со позлатени детали, бањите имаат мијалници изработени од вистинско злато, ѕидовите се збогатени со кристални и дрвени инкрустации, а дневната соба и просторијата за состаноци изгледаат како луксузен дворец во воздухот. Авионот има и спални соби, приватни бањи, ексклузивна трпезарија и конференциска сала, бидејќи султанот често ја користи за службени и дипломатски патувања.
Интересно е што Султан Болкија самиот е професионален пилот, па затоа не е невообичаено да седи во пилотската кабина на својот авион.
Иако причината за сегашното пристигнување во Будимпешта е сè уште непозната, слетувањето на авионот на султанот предизвика големо внимание на социјалните мрежи, бидејќи ретко се гледа приватен авион од оваа големина и луксуз на европските аеродроми.
The post „Летечки дворец“ слета на аеродромот во Будимпешта: Сè пука со луксуз, еве кој е сопственикот appeared first on Во Центар.



