За време на летото е навистина тешко да се одржи рутината на вежбање. Високите температури ја одземаат целата енергија, па вежбањето на справи е уште понапорно.
Летни активности кои согоруваат 300 калории за 30 минути
За сите оние на кои им е доста од изговори и кои сакаат да се посветат на вежбањето дури и за време на најтоплите денови, тука се летните активности кои даваат феноменални резултати.
1. Шетање покрај плажа
Иако долгите прошетки покрај плажа звучат романтично, тие се и многу ефикасен облик на вежбање. Тајната се крие во тоа што со одењето по песок, според истражувањата, се трошат два до трипати повеќе калории од шетањето по рамна површина.
2. Тенис
Ако досега не сте играле тенис, искористете ги летните денови за да го направите тоа. Не мора да бидете професионалец за да согорувате калории. Доволно е да го префрлате топчето од едната на другата страна, па макар и да го испуштите неколку пати. Најбитно е тоа што ќе бидете во постојано движење.
3. Одбојка на песок
Веќе ги спомнавме придобивките од шетањето покрај плажа. Сега направете го следниот чекор – скокајте по песокот. Одбојката на плажа бара брзина и остри рефлекси, а песокот го отежнува движењето. Совршено за трошење калории!
4. Пливање
Пливањето е ненадминлива летна активност. Одморот покрај базен е вистинско летно уживање. Сепак, пливањето е една од најсложените физички активности која ги активира скоро сите мускули. Дополнителна предност е тоа што за време на пливањето нема непосакуван притисок на зглобовите.
5. Возење ролерки
Иако многумина ја сметаат за детска игра, оваа активност е многу повеќе од тоа. Возењето ролерки се препорачува доколку имате проблеми со зглобовите, а физички оваа активност бара голем напор. Активноста на големиот број мускули доведува до согорување на многу калории.
6. Скијање на вода
Иако скијањето на вода делува релаксирачки, за оваа активност ќе треба да активирате голем број мускули. За да останете во исправена положба на површината на водата, вашето тело ќе мора да ја покаже силата на стомачните мускули. Надминувањето на брановите е приказна сама за себе. Постојаното држење на јажето помага за зајакнување на бицепсите и трицепсите.
7. Возење кајак
Возењето кајак може да биде навистина интересна летна активност, но и да послужи како вид превоз од едно до друго место. Срцето ќе ви биде благодарно за овој кардио тренинг, а со оваа активност ќе работите и на грбот, градите, рацете и стомакот.